Хроника 01. декември 2018. / 22:17

Детали за вчерашната вооружена престрелка во Тетово

Детали за вчерашната вооружена престрелка во Тетово

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека вкупно седум лица се уапсени за вчерашната вооружена престрелка во Тетово, а се трага по уште инволвирани.

Тој не даде подетални информации за кои рече дека се очекуваат да се објават по целосното расветлување на случајот и мотивите на престрелката.

Повикувајќи се на свои, неофицијални извори, порталот PaCensurë ги објави иницијалите на 4-ца уапсени, мегу кои иницијалите на едниот од уапсените се совпаѓаат со оние на високиот функционер на ДУИ, поранешен заменик директор на УЈП. На полицијата денеска ѝ се предале А.М., В.А., А.М. и А.И. што веднаш се земени на распит. Инцидентот се случи вчера, по расправија во казиното „Аладин“ меѓу две групи што потоа излегле на булевар „Илирија“ и пукале меѓу себе со пиштоли и калашникови. Едно лице било рането, повеќе куршуми завршија во локалите, а од заскитани куршуми бил оштетен и еден автомобил паркиран во близина. Нема човечки жртви од инцидентот.

Реџепи истакна дека дополнителни информации ќе има по целосно расветлување на случајот.