Хроника 25. април 2020. / 11:25

Детали за вчерашната сообраќајка во која загинаа двајца моторциклисти

Детали за вчерашната сообраќајка во која загинаа двајца моторциклисти
фото: архива

Вчера во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци, на автопатот А1, се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.

Во несреќата животот го изгубија Ј.Ј. (22) од Добрејци кој управувал моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, кој управувал моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки.

Полицијата констатирала дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на местото и констатирана е смрт кај двајцата возачи. Увид на местото извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.