Четири лица се повредени во сообраќајка во Скопје. Во 13.30 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Партизански Одреди“ со улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот С.М. од селото Виштица и патничко моторно возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(48) од Скопје.
По незгодата за укажување на лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ биле пренесени С.М. кај кого биле констатирани тешки телесни повреди, како и С.К. и двајца сопатници од возилото „голф“, С.С.(24) и А.С., кај кои биле констатирани телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.