Хроника 28. декември 2019. / 21:46

Детали за тешката сообраќајка: Еден полицаец почина, вториот задржан во болница

Детали за тешката сообраќајка: Еден полицаец почина, вториот задржан во болница

Еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајна несреќа во близна на Гостивар починал, додека вториот е задржан во гостиварската болница.

Несреќата се случи на патот Тетово-Гостивар кога полициските службеници од полициската станица Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. биле удрени од патничко возило „форд фокус“ додека обезбедувале сообраќајна несреќа која се случила претходно меѓу други две возила.

Лицето Р.Ш. (31) од село Грашица, кое управувало со возилото „форд фокус“ е уапсено и пренесено во полициската станица Гостивар.