Хроника 11. јуни 2019. / 11:40

Детали за страшната сообраќајка кај обиколница: Едно лице загина – две тешко повредени

Детали за страшната сообраќајка кај обиколница: Едно лице загина – две тешко повредени

Рано утрово во 03.40 часот на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило „oпел aстра” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.

Притоа, возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.