МВР со детали за страшната несреќа на патот Гостивар-Кичево каде има многу повредени во судир на две возила.
Во 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Е.М. од Гостивар и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Д.А. од Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. -сопатничка од возилото „БМВ“.
По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.