Хроника 11. октомври 2020. / 15:48

Детали за сообраќајката во Трубарево

Детали за сообраќајката во Трубарево

Според првите информации од МВР, во сообраќајката во скопско Трубарево на лице место загинал мотоциклист од селото Долно Лисиче. Мотоциклистот бил на возраст од 40 години.

До несреќата дошло околу 13 часот кога во него удрил автомобил БМВ со скопски регистрации управуван од Д.Д. роден 1948 година. Покрај во мотоциклистот, автомобилот удрил и во пешак – малолетник.

Малолетникот и возачот на БМВ-то, како што соопштија од МВР, со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.