Хроника 29. февруари 2020. / 15:49

Детали за сообраќајката во која загина 21-годишно момче, а негов врсник е префрлен на клиника

Детали за сообраќајката во која загина 21-годишно момче, а негов врсник е префрлен на клиника

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово животот го загуби 21-годишен кумановец, а негов врсник е повреден и префрлен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, несреќата во полицијата била пријавена во 6.30 часот.

Патничко моторно возило „Сеат Леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб. Во возилото биле Д.В. (21) и М.С. (21), двајцата од Куманово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. била констатирана смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – се наведува во соопштението на МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од кумановската полиција.