Две девојки се повредени синоќа во скопската населба Ѓорче Петров, откако во нив удрил џип додека тие чекале на автобуска постројка.
Според очевидци на настанот, џипот кој се движел од правец на Ѓорче Петров кон Центар сакајќи да избегне возило марка „југо“ што му го пресекло патот и влегло во неговата лентата, изгубил контрола и удрил директно во девојките.
Порталот „24Ракомет“ објави дека двете девојки се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош се пренесени в болница. Тие хоспитализирани без посериозни физички повреди и се очекува во текот на денов ден да бидат пуштени на домашно лекување.
Во несреќата настрадале и три пешаци. Двајцата возачи, како и пешаците Б.Т. (19) и уште две лица на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје, биле пренесени во болницата Аџибадем Систина и Градската општа болница „8. Септември“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.