Хроника 14. март 2020. / 15:27

Детали за сообраќајката во Кавадарци: Двајца млади тешко повредени

Детали за сообраќајката во Кавадарци: Двајца млади тешко повредени

Двајца млади се тешко повредени во сообраќајката што се случи во Кавадарци, потврдуваат за МИА од кавадаречката Брза помош.

Брзата помош веднаш интервенирала на местото на несреќата, а со болничко возило повредените биле пренесени на скопските клиники.

Претходно, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека јавен обвинител од Кавадарци извршил увид на местото на несреќата.

Во сообраќајката учествувале џип и мотоцикл.