Хроника 26. декември 2020. / 12:45

Детали за сообраќајката во Автокоманда

Детали за сообраќајката во Автокоманда

Утрово на социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа автомобил кој влетал во нотарска канцеларија во Автокоманда.

„ 29-годишниот А.Р. од Скопје утрово во 05:35 часот управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР за Курир.

Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.

Од МВР додаваат дека полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.