Хроника 30. ноември 2018. / 15:12

Детали за сообраќајката пред МАНУ

Детали за сообраќајката пред МАНУ

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава во 05,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А4“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.А.(32) од Скопје, и патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Б.К.(65) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К. и сопатникот од истото возило А.Ѓ.(61) од Р.Турција, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил В.А., како и С.Ѓ.(54) од Р.Турција, сопатничка во патничкото моторно возило “Голф“. В.А. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека С.Ѓ. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. – информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.