Фисник Адеми, синот на пратеникот Џеват Адеми, и уште еден негов роднина се погодени од рикошетиран куршум во тетовска Мала Речица.
Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница, информира Фактор.
За случајот е известена и полицијата. Извршен и увид на местото каде била свадбата каде се користело огнено оружје.
На социјалните мрежи се пишуваше дека поранешниот заменик-министер за животна средина бил еден од оние кои прославувале со огнено оружје, но семејството брзо демантираше.