Ноќеска во 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел „Александар Палас“ во Скопје, а во инцидентот како што информираат од МВР нема повредени.
Според информациите од билтенот на МВР, додека во ресторанот седеле пет машки лица Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), три лица со фантомки на главата излегувајќи од возило отвориле рафален оган кон нив. Додека траело пукањето, едно од лицата Љ.Ќ. инаку полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив околу 11 проектили, по што напаѓачите заминале.
Неофоцијално пукањето било поради лихварски долгови, а напаѓачите побегнале со фолсваген туарег.