Хроника 11. мај 2019. / 12:48

Детали за пожарот во Гостивар: Три лица повредени

Детали за пожарот во Гостивар: Три лица повредени

Три лица се здобиле со изгореници откако пожар избувнал во подрум во зграда во Гостивар.

На 11.05 2019 година околу 04.40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на ул.„Мајор Чеде“.

Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.

Од извршениот преглед кај лицето З.М. биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот, кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.

Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.