Во рамки на полициската акција против недозволена трговија со дрога, се прават претреси во селото Крушопек во скопски Сарај, потврдуваат од МВР.
Од Министерството посочуваат дека мерките се преземени по насока од јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка.
Станува збор за меѓународна полициска акција, во која освен македонската се вклучени и италијанската и полицијата на Црна Гора. Акцијата траела повеќе од три месеци а се изведува за да се шпреци шверц на кокаин што потекнувал од Америка.
При претресите во Крушопек се запленети дел од пратката од 1,3 тони кокаин, што требало да биде транспортиран во Словенија.
Акцијата ја потврди и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.