Полицијата трага по напаѓачот кој вчера со два куршуми во Чаир го рани директор на Клиниката за Гинекологија, Ваљон Беља. Според неофицијални информации, причина за инцидентот била расправија меѓу Беља и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Од Ганиу, засега нема коментар на овие шпекулации, а не се јавуваше ниту на мобилниот телефон, пренесе 24Инфо.
МВР денеска информираше дека на улица „Лазо Трповски“ во Скопје било пукано во 40-годишниот В.Б. од Скопје.
Според пријавеното, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.
В.Б е пренесен во Градска општа болница “Св.Наум Охридски”.
Извршен е увид на местото на настанот. Известен е јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.