Хроника 08. јули 2019. / 13:04

Детали за грабежот во Тутунска: Со закана од огнено оружје одзеле пари

Детали за грабежот во Тутунска: Со закана од огнено оружје одзеле пари

Четири лица извршиле разбојништво и со закана од огнено оружје утрово одзеле пари, информираат од СВР Скопје за „Република“ во врска со грабежот во експозитурата на НЛБ Тутунска банка во општина Сарај. Како и претходниот случај, кога цел на грабеж беше чаирската експозитура, и овој грабеж бил избршен околу 10:40 часот утрово.

Засега не е познато колкава штета е направена.

Полициски службеници се на местото и вршат увид, а СВР Скопје таботи на расчистување на случајот.