Хроника 15. април 2019. / 12:36

Детали за грабежот на НЛБ Тутунска: Еден вработен повреден

Детали за грабежот на НЛБ Тутунска: Еден вработен повреден

Дваесет и шестгодишниот Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата на НЛБ Тутунска банка е повреден во вооружениот грабеж кој утрово се случил во Чаир, потврдуваат за „Република“ од СВР Скопје.

Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Фери Барјам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата, соопштуваат за „Република“ од СВР Скопје.

Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.

Сторителите успеале да одземат пари од банката.