Хроника 29. ноември 2018. / 11:30

Детали за големата трагедија во Припор, во која двајца работици беа потрупани

Детали за големата трагедија во Припор, во која двајца работици беа потрупани

Во 11,40 часот е пријавено дека на улица „Христо Татарчев“ во населба Припор во Скопје дошло до одронување на земјиштето при што биле потрупани двајца работници.

При големата трагедија починал 57-годишниот Ѓ.Ѓ од Скопје на местото на настанот, додека 52-годишниот Ш.Ш. од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.