13 годишно девојче се удави во скопската населба Илинден, откако паднала во дупка со вода кадешто требало да се гради зграда.
Според полицијата, несреќата се случила околу 14.30 часот, во месноста Бигла, каде што имало ископ за темели за зграда. Девојчето кое живеело во населбата Илинден, паднало во ископот и се удавило. Локалните мештани веднаш повикале брза помош и го извадиле девојчето од водата. Лекарите од итната медицинска помош за кратко пристигнале на местото, но констатирале смрт.
Неофицијално, несреќата се случила кога девојчето влегло во водата за да го извади својот помал брат и уште едно дете кои влегле да се искапат. Девојчето веројатно не знаело да плива по што се удавило во насобраната вода.
Полицијата е на терен и го испитува случајот.