Вo Полициската станица Демир Капија вчера околу 15 часот било пријавено дека кај место „Дошница – Вирови“, Демир Капија, Х.И. (19), П.М. (18) и С.Ѓ., по вербална расправија биле физички нападнати од десетина млади лица.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, напаѓачите на Х.И. (19), П.М. (18) и С.Ѓ со камења им го оштетиле и возило.
По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.