Темни облаци дим над Гостивар, предизвика пожарот кој синоќа ја зафати депонијата Русино. Противпожарните екипи заедно со Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и пробуваат да го локализираат пожарот. Првиот човек на дирекцијата, Аднан Џаферовски за ТВ21 рече дека тој и екипите се на терен уште од 6 часот наутро, пренесува ТВ 21.
Шефот на Кабинетот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, вели дека пожарот е активен уште од синоќа, а екипите на ДЗС интервенирале дури во шест часот утрово. Селото Бањица се наоѓа на само 5 км од депонијата.
Инаку, и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ги повика надлежните институции да помогнат за совладување на пожарот, додавајќи дека со индиферентноста на Владата се трујат децата од Гостивар.