На вонредна седница на Советот на Општина Велес, одржана вчера попладне беа донесени две одлуки, поврзани со трагедијата која го снајде семејството Давчевски откако им изгореа децата во пожар.
Утре ќе биде прогласен Ден на жалост, пренесе СДК.МК.
Се откажуваат сите културни и спортски манифестации и угостителските објекти на територијата на Општината се обврзани да емитуваат сериозна музика. Советот одлучи на семејството Давчевски да му исплати еднократна парична помош во висна од 100 илјади денари како и да се платат гробни места за трите деца во висна од 13,5 илјади денари.