Утрово по медиумите излезе дека е разбиена криминална банда која правела измами со автомобили во Скопје, па следствено на тоа се поставува прашањето: Како македонските измамници краделе возила на продажба?
На сличен начин измамиле повеќе лица и им ги украле скапите возила. Против група, главно помлади измамници, полицијата поднесе кривична пријава. Има пријави против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.
Пријавените, кривичните дела ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото. По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака. По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.