Хроника 07. септември 2020. / 11:06

Дедо ја прегазил внуката со трактор во радовишко

Дедо ја прегазил внуката со трактор во радовишко

На 06.09.2020 во 10.10 часот било пријавено дека на влез од с. Габревци, радовишко, 16-годишна малолетничка од с. Габревци, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60) од истото село, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот.

Од МВР денеска информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш.