Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.А. (61) од село Џепчиште, тетовско, за сторени кривични дела “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и “недозволено изработување ,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Во мај годинава, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, помеѓу пријавениот и З.А. (30) од село Непроштено, тетовско, настанала расправија во врска со недавање предност во сообраќајот, по што пријавениот со возилото му го попречил патот на З.А. и со пиштол упатил закани по неговиот живот.
Следниот ден од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција калибар 7,9 мм, 8 парчиња муниција калибар 9 мм, 4 парчиња муниција од гасен пиштол и куршум од 6 мм.