Полицијата сѐ уште не го завршила увидот на сообраќајната незгода во центарот на Скопје, каде што возач на „пасат“ претпладнево излета од патот и удри во угостителски објект во зградата позната како „Тифани“.
Од МВР за „360 степени“ велат дека возачот бил затекнат на самото место и имал комуникација со полицијата, но засега нема многу детали за причините како се случила несреќата.
– Возачот изгубил контрола над возилото и нема повредени. Засега не можеме да соопштиме други информации, велат од МВР
Од полицијата, барем во моментов, немаа одговор дали станува збор за приватно или службено возило бидејќи „фолксваген пасат“ е модел на автомобил кој најчесто се користи од страна на државните органи.