Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Куманово, со која го ослободи од вина Љубомир Митев (79) од Којково, Кратовско, за обид на убиство во миг и ранување на напаѓачот во неговиот дом и во делот на условната казна за поседување на оружјето, пренесе СДК.МК.
По жалбата ќе одлучува Апелациониот суд во Скопје, кој може пресудата да ја преиначи, потврди или укине. Адвокатот на дедо Љубе, Христијан Георгиевски, изненаден е од одлуката на Кумановското обвинителство, но вели дека им останува да ја продолжат правната битка до целосно ослободување на дедо Љубе.
Апсолутно сум изненаден од изјавената жалба на ОЈО Куманово на пресудата за дедо Љубе, сметам дека постапката требаше да заврши со првостепената пресуда, која е целосно правилна, законита и согласно Уставот. Со ова се продолжи нашата правна битка и правдата ќе ја бараме пред Апелациониот суд во Скопје, изјави адвокатот Георгиевски.
Пресудата ја донесе кривичниот совет со судијата Љубомир Ѓорѓевиќ на 11 ноември годинава, по 6 годишна правна битка во судот. Митев е ослободен е од обвинението за обид за убиство и ранување на напаѓачот во неговиот дом, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружје.