Хроника 05. ноември 2019. / 14:56

Цвета трговијата со дрога во Тетово: Годинава двојно повеќе од лани се откриени луѓе со дрога

Цвета трговијата со дрога во Тетово: Годинава двојно повеќе од лани се откриени луѓе со дрога

Во деветте месеци од 2019 тетовската полиција открила вкупно 134 дела од областа на недозволена трговија со дрога. При тоа одземени се околу 38 килограми марихуана, како и хероин, кокаин и екстази, амфетамини, мешавина од марихуана и тутун, семки од „канабис сатива“ и мешавина која се користи за количинско зголемување на наркотичните средства.

-На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово од вкупно 134 дела откриени и пријавени се 54 кривични дела од областа на недозволена трговија со наркотични дроги во тетовско и 80 во гостиварско. Биле инволвирани 139 лица што претставува речиси двојно повеќе во споредба со истиот период лани кога имало 74. Од 139 луѓе од тетовско се 53, а о гостиварско 86, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Откриените кривични дела во овој период заокружени се со 125 кривични пријави (за тетовско 49 и гостиварско -76), од кои најголемиој број -116 се однесуваат на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и 18 дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.