Хроника 06. март 2019. / 10:16

Цистерна со гас со македонски таблички излета од автопатот кај Врање

Цистерна со гас со македонски таблички излета од автопатот кај Врање

Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатаот во близина на Врање и се превртела во ендекот, пишува Ако.мк, објави новости.рс.

Според последните информации, нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија.

Фото: Новости.рс