Попладнево пред околу еден час на кејот во центарот на Охрид се случи трагичен настан во кој едно лице се удави во водите на Охридското езеро, објави „Охридњус“.
Засега не е познат идентитетот на жртвата и причините за трагедијата.
Охридската полиција се уште го нема потврдено случајот, а портпаролот Стефан Димоски најави подетални информаации за подоцна.