Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 20.20 часот било пријавено дека на автопат Тетово-Скопје, кај с.Бојане возило „опел корса“ со скопски таблици управувано од Т.С. (20) од Скопје излетало надвор од коловозот и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.С. и двајца сопатници Т.С.(20) и Ѓ.Ѓ. (32) а со телесни повреди се здобил сопатникот Б.К. (29) сите од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.