Хроника 06. јануари 2020. / 13:15

Четворица повредени во сообраќајка кај Куманово

Четворица повредени во сообраќајка кај Куманово

Вчера околу 9.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атарот на селото Градиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген пасат“ управувано од Д.М. (20) од селото Ранковце и камион „ТАМ“ управувано од И.А. (37) од светиниколското село Долно Ѓуѓанце.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово. Во сообраќајката полесни повреди здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово.