Деветнаесетгодишната девојка на која лекарите мораа да и ја ампутираат ногата се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Освен неа, уште тројца повредени во страшната несреќа кај Ласкарци, се на апарати за дишење, пренесе една телевизија.
Најмладиот патник кој се здоби со сериозни и тешки повреди, петнаесетгодишното момче, кое во несреќата загуби блиски членови од семејството, е добро.
Лекарите будно ја следат состојбата.