Хроника 16. јули 2018. / 18:23

Четиринаесет месечното девојче го губи видот од повредите

Четиринаесет месечното девојче го губи видот од повредите

Брутално претепаното 14- месечно девојче го губи видот. По, една недела на скопските клиники неофицијалните наоди на лекарите се дека повредите на главата и ги оштетиле очните нерви. Дали бебето не гледа дефинтивно ќе се знае утре откако на клиниката за детска хирургија ќе му биде направено магнетно снимање на главата.

Со незаздравени скршеници на нозете, крварање на мозокот здравствената состојба на девојчето сеуште е неизвесна, но е надвор од животна опасност, велат од Kлиниката за интензивна нега. Мајката кажа дека паднало од кревет, а лекарите, полицијата, Mинистерството за труд и обвинителството потврдија дека не е така. Кој го претепа бебето и по 8 дена се уште нема одговор.

Мајката ја искомплицира истрагата отако посочи дека живеела една недела кај маж и биле изложени на насилство со бебето. Тој човек во полиција кажа дека прв пат ги гледа.