Хроника 08. август 2018. / 19:06

Четири лица повредени во сообраќајна несреќа кај Еребино

Четири лица повредени во сообраќајна несреќа кај Еребино

Возач и тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 17.15 часот на регионалниот пат Тетово-село Сиричино, кај воениот склад „Еребино“. Според полицијата, сообраќајната незгода се случила помеѓу „опел корса“, управувана од А.Н. (35) од с. Калник, и „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Ш. (24) од село Шемшово.

Притоа на повреди се пожалиле возачот на возилото „голф“ А.Ш. и неговите сопатници А.А. (27) од с. Шемшово, А.Љ. (22) од с. Шемшово и А.Н. (35) од с. Г. Палчиште. Со друго возило тие биле пренесени во клиничката болница во Тетово, каде што им била укажана лекарска помош.

Поради карактерот на повредите, возачот бил задржан на лекување, а сопатниците, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.