Вчера околу 13,30 часот во Скопје на булевар „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со помошен мотор „Хонда Роад Махи“, управуван од Р.В.(33) од Р.Чешка и товарно моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштил местото на настанот.
По незгодата возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.