Околу 12:20 часот регистриран е пожар на автомобил „Форд Мондео“ во населбата Сопиште, кој е пријавен од случаен минувач.
Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.
Од МВР информираат дека противпожарната единица го изгасила пожарот, а СВР Скопје во моментов врши увид на лице место.
Нема информации за повредени при пожарот