Хроника 20. април 2020. / 11:00

Целосно изгаснат пожарот во атарот на кичевското село Србица

Целосно изгаснат пожарот во атарот на кичевското село Србица
архива

Во текот на вчерашното попладне во близина на селото Србица- Кичевско избувна шумски пожар во кој беше зафатена претежно дабова и ниско стебласта шума.Поради близината на селските куќи, на овој пожар се делуваше мошне брзо и професионално од страна на противпожарните екипи на Кичево и месното население.

Пожарот најпрвин беше локализиран, спречено неговото натамошно ширење и нешто пред полноќ пожарот целосно беше изгаснат. Висината на настанатата штета од пожарот накнадно ќе се утврдува, но најдоброто од се е што не се зафатени селските куќи, особено во опасност беше куќарката на соблекувалните од селскиот стадион.