Среде препукувањата меѓу Софија и Скопје околу бугарското условување на македонската евроинтеграција, медиум од Бугарија му нанесе нов удар на „бетонираниот македонски идентитет“ според Заев, Димитров, Шекеринска и другите првенци на власта во Македонија, употребувајќи го изразот „Северномакедонец“.
„Цариниците запреа Северномакедонец на ГКПП ‘Ѓуешево’ и со изненадување утврдија дека тој…“, е насловот на веста на „topnovini3.bg7.eu“ за стражарното приведување на 42-годишниот македонски државјанин со иницијали М.Д.
Настанот се случил на 18 декември околу 15 часот при влез на притворениот во Бугарија со автомобил, кога било утврдено дека е баран со европска потерница издадена од Судот во Солун.
Тој го осудил М.Д. на казна затвор од 14 години и парична казна од 50 илјади евра за помагање на незаконски влез и престој на грчка територија на граѓани на трети земји и за нивен нелегален превоз.