Хроника 09. јули 2020. / 11:15

Британец паднал од зграда во изградба во Скопје: Со тешки повреди пренесен на клиника

Британец паднал од зграда во изградба во Скопје: Со тешки повреди пренесен на клиника

На 08.07.2020 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од зграда во изградба на улица „Банско“ во Скопје паднал Д.Б. од Велика Британија, информира МВР.

Д.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.