Бојан Јовановски- Боки 13 по пет часа поминати во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција доби решение за завршена истрага во случајот за работата на неговата невладина организација “Меѓународен сојуз“. Тој и во петокот даваше исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, а излезе од обвинителството по седум часа.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски за новинарите изјавил дека Боки 13 ја кажал „целата вистина поткрепена со факти“.
– Прилично детална беше неговата изјава, можете да заклучите надвор од било какво разумно сомневање дека за секој основ и зборче што стои во наредбата за истрага се произнесе со мноштво факти – изјавил Дуковски.
Дукоски одбил да ја коментира изјавата на Јасна Мандиќ која исто така е осомничена во овој случај, а рекол дека била доведена во заблуда од Јовановски.
– Не сакам да коментирам изјави на туѓи лица, ги оставам. Моето мото е секој си стои зад она што го изјавил, ние нашата одбрана ја даваме во обвинителство и пред суд – изјавил адвокатот.