Хроника 12. јули 2020. / 12:45

БМВ удрило петгодишно дете во Скопје

БМВ удрило петгодишно дете во Скопје

На 11.07.2020 во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х. (38) од Скопје, удрило во петгодишен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.