Хроника 05. јануари 2019. / 11:58

„БМВ“ се преврти кај Кадински мост – возачот тешко повреден

„БМВ“ се преврти кај Кадински мост – возачот тешко повреден

Во 20.00 часот синоќа се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост.

Од МВР денеска информираат дека патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот С.Н од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.

Со повреди се здобил возачот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид.