Хроника 02. јуни 2020. / 13:50

„БМВ“ излетало од патот и се превртело

„БМВ“ излетало од патот и се превртело
Илустрација

Вчера попладне на ул.„Железничка“ во Штип патничко возило „БМВ“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(38) од Штип, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде бил префрлен за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип.