Во 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид од Медицинскиот центар во Охрид било пријавено дека кај нив во коматозна состојба била донесена 34-годишната Б.Т. од Охрид која паднала по скали во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“.
При падот се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.