Хроника 11. септември 2018. / 17:22

Бизарна несреќа во Македонија – паднал во отвор од лифт

Бизарна несреќа во Македонија – паднал во отвор од лифт

Во објект во изградба на улицата „Абаз Емин“ во Охрид синоќа околу 22.30 часот, 48-годишниот Џ.В. од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см.

Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. МВР денеска соопшти дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.