Хроника 17. April 2019. / 10:39

Бизарна несреќа: Скопјанец загина откако го прегазил неговиот камион

Бизарна несреќа: Скопјанец загина откако го прегазил неговиот камион

Скопјанец загинал вчера на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, откако бил прегазен од товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал. Љ.А.(52) од с.Д.Лисиче, скопскo.

Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А..

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.