Нема лекарска грешка во случајот со 34-годишниот битолчанец, потребната терапија е примена во целост, тврди Битолската клиничка болница за пациентот кој на 18 ти јануари беше примен со скршеница на коленото, а на 26 ти почина, објави 24 Вести.
Од почетокот до отпуштање од болница, пациентот ја примил целосно потребната терапија и заминал во добра здравствена состојба, а она што се пренесува во јавноста е дезинформација тврди Сузана Конеска портпарол на Болницата заТВ24, која додава дека сите документи кои го потврдуваат соодветното лекување по протокол се предадени во Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Од Инспекторатот пак за ТВ 24 информираат дека за случајот е инициран и вонреден стручен надзор, а информација за тоа дали сепак постои лекарска грешка во случајот или не ќе треба следните денови да соопшти Министерството за здравство.